ЛЕЛЕ ЦРНИ ГРУЈО ШТО ТИ СЕ ПИШУВА!!! ГОТОВО Е СО ТЕБЕ ВО МАКЕДОНИЈА : Разликата меѓу ДПМНЕ и СДСМ падна само на 1.4 проценти!!!

0
1627

Според најновата анкета на агенцијата „Рејтинг“, нарачана од 24 Вести, разликата помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ е 1,4 процентни поени.

Вкупно  29,9 % од граѓаните се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО – ДПМНЕ, додека 28,5 се изјасниле дека гласот ќе го дадат за СДСМ.

Трета партија во условно кажано македонскиот блок е коалицијата ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА за која се изјасниле 3,3 %.

Во албанскиот кампус најмногу граѓани кажале дека ќе гласаат за ДУИ и тоа 6,8 %, потоа следи БЕСА со 3,2 дпа со 2,8, и КОАЛИЦИЈАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ на Села со 2,7 %.

Останатите политички партии и коалиции на оваа анкета се од 1 процент и помалку. Драстично е намален бројот и на неопределени граѓани и како такви се изјасниле 8,5 %, а 12 % одбиле да се изјаснат.

Oд другите прашања, 55 % од граѓаните се изјасниле дека ја подржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство, 48,7 % од граѓаните кажале дека прислушувањето го правеле домашните служби, а како најголем проблем е означена невработеноста за што се изјасниле 32 % од анкетираните.

Анкетата на Рејтинг е направена од 24 до 30 ноември врз база на 1.200 испитаници.