ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ ЦУНАМИ ЗА ЕУ И НАТО: Во затворите излезноста за референдумот е над 80%, додека кај изнемоштените процентот на тие што гласале е над 90%!!!

0
2723

Вкупно 985 македонски иселеници или 36,56 отсто до 17 часот излегле да гласаат за референдумското прашање, но во нив не се влезени оние од САД, Канада и Лондон (вкупно шест гласачки места), каде гласањето трае до 19 часот по локално време, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК).

Гласачките места, пак, во казнено-поправните установи низ земјава, вкупно 13, се затворени и до 17 часот излезноста е 64,69 отсто. Гласале 1.008 од евидентираните 1.558 лица со право на глас.

Според информациите од општинските изборни комисии, во своите домови гласале 1.520 болни или изнемоштени лица од запишаните 1.859, но ова гласање се уште трае додека сите што се пријавиле, не добијат можност да гласаат.

До овој момент, беше речено на прес-конференцијата, ДИК добила три приговори за заштита на личното избирачко право, но сите се одбиени.

Пресекот од гласањата и излезноста до 19 часот ДИК ќе ги објави во текот на утрешниот ден.