ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ: Ќосињата ќе скренат, ем Македонија во НАТО, ем Албанскиот јазик втор официјален, сега уште на ЛГБТ заедницата да им се дозволи брак и ќе има пиштење и вриштење!

0
1238

Лани во ова време сум напишала: не можеш да разбудиш народ кој се преправа дека спие! Македонците уште спијат на едно око – и се надеваат дека сето ова ќе се среди само од себе! Чинот на Таљат Џафери, т.е. самоволното потпишување на указот за стапување во сила на Законот за јазиците, не е случаен: народ кој остана мирен кога му сменија устав, име, идентитет и личен опис, нема да мрдне ни кога ќе прекршат некој закон и сторат кривично дело. Ние сме анестезирани, лоботомирани, дезориентирани…

Во ова лудило (на власта и изгубеност на народот) има логика. Чинот на Таљат воопшто не е ни така храбар, ни така скандалозен (зависи како го гледате, нели). Тој е практична примена на логичкиот принцип argumentum a maiore ad minus: ако може да се крши уставот без консенквенци, тогаш може и законот!

Пред само неколку дена во разговор ѝ реков на Гордана Силјановска дека е време да распали и напише еден контра-учебник по уставно право, а да сум јас би го насловила „Заробен устав“. Ако имате заробена/окупирана држава, нејзиниот највисок акт не може да биде акт на слободна политичка заедница. Едното со другото е тесно поврзано! Оние кои мрчат дека премногу за право сме зборувале ние правниците треба само да разберат една елементарна работа: нема држава без право, и нема право без држава. Ние, драги мои, останавме без двете!

И малку ни е! Заслужуваме многу повеќе од ова, ама не се секирајте: ова е само почеток на 2019 година!

Фејсбук статус на Биљана Ванковска