ЛЕЛЕ КАКО ЌЕ ГО ЈАДИ ОВАЈ ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ ПА ПА ПА : ЛАКИ СЕ ОМРСИЛ 4 МИЛИОНИ ЕВРА СО ТРИ ГОДИШНА НОВИНАРСКА ПЛАТА!!!

0
2819

Омилениот новинар и личен пријател на Никола Гуевски во периодот од 2011 година до 2014 година, со новинарска плата во Сител ТВ, успеал да заработи 4.000.000 евра. Но, ајде да видиме како…

Фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, со седиште на ул. Првомајска ББ Општина Кисела Вода е формирана со почетен капитал од 364.000, а како сопственик се појавува Валентина Павловиќ – сопругата на братот на новинарот и уредник на Сител ТВ, Драган Павловиќ Латас.

Но, фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ експорт – импорт Скопје, за кратко време успева да добие неколку тендери од скопските општини. Од општините што ги раководи ВМРО-ДПМНЕ, во периодот од 2011 до 2013 година, добила тендери со вкупна вредност од околу 2 милиона и 900 илјади евра.

Да почнеме по ред. Ако се погледне периодот пред и по предвремените парламентарни избори во 2011, токму оваа фирма на два месеца пред изборите т.е. на 18.04.2011 година од Град Скопје добила тендер за изработка на проект за командување и управување на јавно осветлување со вредност од 52 илјади евра.

Тендер - Град Скопје

Ваквата пракса продолжува и по предвремените парламентарни избори, на 12.09.2011 година, каде што оваа фирма, добила од Град Скопје тендер за улично осветлување на дел од пат, тежок околу 80 илјади евра.

Тендер - Град Скопје - улично осветлување

На половина месец по предвремените парламентарни избори, на 22.06.2011 година, Павловиќ добиле тендер од општина Гази Баба за одржување улично јавно осветлување со вредност од 33 илјади евра.

Тендер - Гази Баба

Фирмата на Павловиќ, заедно со уште 4 фирми, од поранешниот градоначалник на Центар,-Владимир Тодоровиќ, на само два месеца по предвремените парламентарни избори, т.е на 5.08.2011 година добиле тендер тежок 1 МИЛИОН ЕВРА!

Тендер - Општина Центар - Владимир Тодоровиќ

Два месеца пред локалните избори, т.е на 31.01.2013 ЕЛТРА ДООЕЛ добила тендер за електрични инсталации за осветлување со вредност од 40 илјади евра.
Половина година по локалните избори, оваа фирма ЕЛТРА ДООЕЛ добила два тендера од Град Скопје, на 11.09.2013 набавка на штедливи светилки, од околу 12 илјади евра и на 24.10.2013 за електрични инсталации за осветлување, бизнис од околу 102 илјади евра!

(3)Тендер - Град Скопје

Од општина Гази Баба, два месеца пред локалните избори, т.е на 10.01.2013 оваа фирма, за изградба на улично јавно осветлување добила тендер од околу 33 илјади евра.

(2) Тендер - Гази Баба

Од општина Карпош, две недели пред локалните избори, или на 11.03.2013 година, Стевчо Јакимовски и дал на ЕЛТРА ДООЕЛ за одржување на јавно осветлување со вредност од околу 50 илјади евра!

Тендер - Општина Карпош - Стевчо Јакимовски

Oд општина Аеродром, на 20 дена по вториот круг од локалните избори, т.е на 24.04.2013 година, за нови линии за јавно осветлување Конески им дава на Павловиќ бизнис тежок над половина милион евра. 609 736 ЕВРА!

Тендер - Општина Аеродром - Ивица Коневски

Фирмата на Латас на 31.01.2013, на само 2 месеци пред оддржувањето на локалните избори, добива тендер од Град Скопје во вредност од 2 478 000 денари!

(4) Тендер - Град Скопје

По завршувањето на локалните избори, на 24.10.2013 година, Градот Скопје и овозможува нов тендер на Елтра ДООЕЛ кој таа го добива и е тежок 6 271 700 денари!

(5)Тендер - Град Скопје

Покрај милионските тендери од скопските Општини, Латас во овој период успеал да го зголеми и својот недвижен имот. Главниот протагонист на оваа власт, уредникот Драган Павловиќ Латас, „се распослал“ на цело брдо. Поседува голем недвижен имот, земјиште, со илјадници метри квадратни во Општината Зелениково.
Еве, погледнете што се е изградено на дел од овој имот. Луксузни куќи, за кои во овој момент не може да се потврди дали се легални или не.

Латас - имот

Латас - имот (2)

 

 

 

 

Ова(долу на сликата) е еден од имотните листови, според којшто уредникот на Сител, Латас, на 06 април 2012 година купил стан на Илинденска, во Општина Карпош, со квадратура од 107 м2 и помошни простории од 6 м2. Во вредност од околу 130 илјади евра.
Латас - стан во Карпош - нов - 2012 г

Година претходно, неговата ќерка добила ПОДАРОК СТАН. На 17 февруари 2011 година. Станот е од 87 м2 и помошни простории од 7 м2. Исто на Илинденска во Карпош. Со пазарна вредност од околу 110 илјади евра. Очигледно некој бил многу дарежлив кон ќерката на Латас.

Латас - имот - подарок за ќерка - Карпош.png

Тие пред да дојдат до овие два стана, живееле во стан во Општина Центар. Овој стан од 127 метри квадратни е со пазарна вредност од околу 150 илјади евра, а сега се води на име на сопругата.

Латас - имот - стан.png

Драган Павловиќ Латас успеал да регистрира и своја фирма ТОТАЛ МАРКЕТИНГ ДООЕЛ Скопје каде што тој се јавува како управител и сопственик.

ТОТАЛ МАКЕТИНГ ДООЕЛ (1)

ТОТАЛ МАРКЕТИНГ ДООЕЛ (2)

 

 

 

 

 

 

Па така во 2010 година фирмата со која управува уредникот – бизнисмен имала приходи од само 29 илјади евра.
-Во 2011 година приходите во фирмата 8-кратно растат. Успешниот управител Павловиќ Латас во 2011 година направил вкупен обрт од 264 ИЛЈАДИ ЕВРА!
-Во 2012 година во фирмата за маркетинг и пропаганда со која управува уредникот на Сител, Латас, влегле 242 илјади евра.
Овој мал правен субјект, СО НУЛА ВРАБОТЕНИ(така е регистриран во Централниот регистар) учествувал во вкупните приходи во дејноста маркетинг и пропаганда во земјава за 2012 година, СО 242 ИЛЈАДИ ЕВРА! Еве го тој официјален извештај од 17.01.2014 година од Централниот регистар.
Потоа парите се движат во непознат правец. Успешниот управител ги пријавува сите, 243 илјади евра како расход, сведувајќи ја фирмата на 0 добивка на годишно ниво. Какви расходи се во прашање, знае само управителот Латас.