Лекарски колегиум на Токсикологија: Колегата Поповски беше исфрлен од организациониот директор Никола Ташев

0
1182

Членови на лекарскиот колегиум на Токсикологија денеска реагираа на демантот кој го испрати Клиниката во кој негира дека в.д. директорот Никола Ташев насилно го исфрлил докторот Нестор Поповски. Од Лекарскиот колегиум велат дека демантот е целосно невистинит.

-После неколку минути од започнување на состанокот низ целиот спрат на кој што бевме присутни ние долупотпишаните членови на Лекарскиот колегиум почна да се слуша неподнослива врева и викање, предизвикана од в.д. организациониот директор Никола Ташев, за неколку минути подоцна во ходникот да го видиме целиот потресен докторот Нестор Поповски, стои во соопштението на Колегиумот.

Членовите на колегиумот ја потврдуваат изјавата на Поповски, дека бил насилно исфрлен од страна на директорот Никола Ташев.

785895498349034-670x922