Левица: Ноќеска по протестот маскирани насилници физички нападнаа наша членка

0
930

„Синоќа по протестот, околу 1:30 часот по полноќ, додека се враќала кон својот дом, била нападната наша другарка – членка на нашиот Централен комитет“, објави партијата Левица на нивната официјална Фејсбук страница.

Нивната членка била пресретната во темна уличка од двајца мажи кои носеле маскирни капи.

„Лицата ѝ пришле, викајќи ѝ: „Ќе видите вие дали нема правда!“ – по што ја удриле неколку пати, нанесувајќи ѝ лесни телесни повреди.

„Тоа е вистинското лице на овој монструозен режим! Групи маскирани насилници напаѓаат лица кои се борат за правда, користејќи го уставно гарантираното право на протест! Затоа режимот мора да падне! Затоа мора да истраеме во борбата! За да не се плашиме веќе кога ќе се враќаме кон своите домови!“, се додава во соопштението на Левица.