Левица за Иванов: И дворскиот шут е гол

0
1135

Партијата Левица денеска му напиша отворено писмо на претседателот Ѓорѓе Иванов по неговото вчерашно обраќање до јавноста во кое ги обвини сите освен неговата партија за кризата и во кое ја споменуваше армија која можел да ја искористи.

-Со својот последен говор, Ѓорге Иванов ѝ даде до знаење на целата македонска и светска јавност дека целосно ја деградирал функцијата претседател на Република Македонија и станал „само еден обичен гласноговорник“ на осомничениот за тешки криминали, поранешен премиер, Никола Груевски.
Сега е јасно дека, освен царот, и неговиот дворски шут е гол!
Провиден е вашиот обид да го засените успехот што го извојуваа граѓаните, протестирајќи против Вашите незаконските и криминални помилувања на политичари, осомничени за тешки криминали. Се заканувавте дека ќе ја употребите дури и војската, ако наводно тоа биде потребно за да ја ‘смирите кризата’. И да сакате, формално правно не можете тоа да го направите без Собранието да прогласи воена состојба со двотретинско мнозинство. Но, уште позначајно, не заборавајте – Ниедна војска не извојувала победа над храбриот народ кој е цврсто решен да се ослободи од криминалниот и авторитарен режим, се вели во писмото.

Од Левица порачуваат дека народот е разбуден и близу е денот кога ќе ги прати во заборав политичарите како Иванов.