ЛДП: Со кој образ Груевски парадира низ Источна Македонија!?

0
895

Премиерот Никола Груевски и врхушката на власт го допреа дното обидувајќи се да ловат гласови за престојните парламентари избори, без трошка совест и срам за пустошот што го оставија во изминатите девет години во Источна Македонија.

LDP-660x330-540x270

Камен темелник за изградба на фекална канализација, двојно тениско игралиште, пуштање во употреба на пешачка патека, ова е  уште една во низата срамни популистички агенди на премиерот Никола Груевски денеска во источниот дел на Македонија, во градовите Кочани, Виница и Берово, реагира Либерал-демократската партија (ЛДП.

„ЛДП го прашува премиерот Груeвски, јавно да одговори колку жители од источниот дел на Македонија заминаа на печалба, колку  куќи се затворија, колку семејства се разделија,  откако тој и неговите бедни економски политики ги оставија жителите од овие краишта на работ на сиромаштијата, без егзистенција , а младите  без перспектива.

Ќе може ли Груевски денеска да  им се извини на беровчани, виничани и кочанчани  за лагите, за неуспешните економски политики, за  ветените нови фабрики, за странските инвестиции  и за  фамозните  нови работни места.

Ниту едно ново ветување на Груевски не може да ги измие валканиците и фекалиите   во кои тој е длабоко потонат по криминалите и  алчноста за негово лично богатење на  грбот на македонскиот народ“, порачува ЛДП.