ЛДП на конгресот на Алијансата на либерали и демократи во Европа (АЛДЕ)

0
841

„Делегација на Либерално-демократската партија, предводена од претседателот, Горан Милевски, присуствува на конгресот на Алијансата на либерали и демократи во Европа (АЛДЕ), кој се одржува во Варшава, Полска.

Денеска, ЛДП е повторно вратена како член во семејството на европските либерали и демократи, за чиј влез позитивно се изјаснија сите членки на АЛДЕ. ЛДП е единствена партија од Македонија која е членка на оваа организација, примена под уставното име.

%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%85%d0%b0%d0%bd%d1%81-%d0%b2%d0%b0%d0%bd-%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd

Алијансата на либерали и демократи во Европа важи за 4-та сила во Европскиот парламент, од каде доаѓаат премиерите на Данска, Белгија, Финска, Холандија, Луксембург и Словенија.

Оваа постапка е силен показател дека либерал-демократите од Европа сакаат час поскоро да ја видат Република Македонија во европското семејство, а изборите – шанса за повторно воспоставување на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, како и враќање на земјата на одамна изгубениот евроатлантски пат“, се вели во соопштението на Либерално-демократската партија.