ЛДП Битола: Дали дел од 360.000 евра, за кои е осомничен Талески, се потрошија за ново седиште на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

0
1120

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, од неодамна е сместен во нови простории. Додека битолчани осиромашуваат и се иселуваат, додека Општина Битола зема кредит да врзе крај со крај, додека пропаѓа Офицерскиот дом, додека пропаѓаат мозаиците во Хераклеа или со еден збор додека Битола се распаѓа, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се луксузира и се вселува во нови простории, реагира претседателот на општинската организација на ЛДП од Битола, Александар Касапов.

– ЛДП и битолчани прашуваат: Дали имотот во кој се всели ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од 300 м2, дали за новите простории се платени повеќе од 300.000 евра и од каде и се парите на партијата за овие простории. Исто така битолчани и ЛДП прашуваат, дали дел од 360. 000 евра, за кои е осомничен Талески, завршија во партиската каса на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку одговорот на ова прашање е негативен, тогаш ВМРО-ДПМНЕ конечно да излезе и да побара оставка од Талески. Доколку не го направи тоа, тогаш за битолчани, ВМРО-ДПМНЕ и Талески и понатаму ќе бидат едно исто – рече Касапов.