ЛАЈМ : ДРАМА ВО СУДНИЦАТА ЗА ,,ДИВО НАСЕЉЕ” : Полицаец во судница признал дека Ндрецај бил уапсен жив во Диво насеље!

0
1718

Прекинот на електрична енергија не била вистинската причина за прекинување на вчерашната судска седница за настаните во Диво насеље од 9 и 10 мај 2015, пишува весникот „Лајм“ повикувајќи се на извори блиски до одбраната.

Иако струјата и техничките дефекти се службено наведени како причина за прекинот, изворите на „Лајм“ тврдат дека вистинската причина било сведочењето на еден од полицајците учесници во акцијата во Куманово на 9 Мај 2015, кој во судницата дал потресно сведоштво. Тој признал дека Мирсад Ндрецај бил жив уапсен од страна на полицијата.

teroristi-kumanovo

„За време на вкрстеното испрашување, еден од адвокатите на одбраната поставил „трик“ прашање. Адвокатот го прашал полицаецот дали тој го уапсил Мирсад Ндрецај, или пак тоа било сторено од неговиот колега, на што полицаецот одговорил дека Ндрецај бил уапсен од еден од неговите колеги. Одговорот предизвика мешаница во судницата и реакција на судското тело кое побара да се прекине седницата и да се избрише сведоштвото на полицаецот“, тврдат извори на „Лајм“.

– Полека испливува на виделина вистината дека Мирсад Ндрецај, но можеби и некој друг припадник на Кумановската група, бил ликвидиран откога бил уапсен – рекле изворите на весникот „Лајм“.

Весникот „Лајм“ контактирал со адвокатите на одбраната кои службено ниту го одрекле ниту го потврдиле овој навод. Весникот дознава дека наскоро ќе настапат во јавноста и ќе се обратат отворено.

Повеќе од текстот на „Лајм“ на следниот линк (на албански јазик).