Латас преку куртонската МАН бара Саше Политико да биде уапсен за прашањата до Јанко Бурек!

0
1184

Maкедонската асоцијација на новинари најостро го осудува нападот врз Јанко Илковски од страна на лицето Саше Ивановски кое лажно се претставува како новинар.

latas

Новинарите се принудени сами да се штитат од напади, како вербални, така и физички поради насилството кое опозицијата го применува врз нив изминативе месеци. Потсетуваме дека ова не е единствен инцидент што се случил, а е предизвикан од наведеното лице кое за потребите на СДСМ и опозицијата постојано се обидува да создава конфликти и насислство во кои себеси се претставуваат како жртви.

МАН апелира ваквата пракса на најразлични напади врз новинари веднаш да прекине.

МАН бара надлежните институции веднаш да превземат мерки за санкционирање на вакво однесување на поединци познати во јавноста дека предизвикуваат насилство, конфликти, хаос и загрозување на човечки животи.