ЛАДЕН ТУШ ОД МНР, НИШТО ОД РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО ОВАА НЕДЕЛА, ЌЕ ПОЧЕКАМЕ

0
1498

Министерството за надворешни работи (МНР) во овој, како што вели, исклучително деликатен момент во процесот за надминување на разликата околу името меѓу Република Македонија и Грција, цени дека домашната и меѓународната јавност треба да бидe информиранa за текот на процесот.

„Во текот на разговорите беше покажана добра волја и беше постигнат добар резултат. Во овој момент, како и во секој процес од ваква природа, потребно е таа добра волја да се преточи од страна на работните групи во текст на договор, што на најсоодветен начин ќе ги отслика суштинските параметри од постигнатото политичко разбирање меѓу двете страни. Република Македонија посакува и интензивно работи тоа да се случи што побрзо до претстојниот состанок на Европскиот совет, воедно укажувајќи дека за вака значајни прашања не треба да се брза. Квалитетот на текстот на договорот и потребата од постигнување на трајно и одржливо решение прифатливо за двете страни, се далеку поважни од потребата процесот да се финализира во каков било рок“, се наведува во соопштението од МНР.