ЛАДЕН ТУШ ЗА МРЧАТОРИТЕ И ВМРОВЦИТЕ ОД СДСМ : Не смее и не може да има амнестија за оние кои планирале, нарачале и извршиле насилство на 27-ми април!

0
1300

Изјава за медиуми,
Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Скопје, 26.11.2018

Денеска мнозинството пратеници предводено од СДСМ во Собранието не го прифати предлог законот за Амнестија предложен од дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за насилствата во Собранието од 27 април.

ВМРО-ДПМНЕ бараше за мрачните случувања против демократијата и против граѓаните да бидат ослободени од одговорност сите насилници. Тоа е недозволиво.

Ставот на пратениците од СДСМ е јасен: Одговорност за насилството на 27 април мора да има.