Лавицата Акети од зоолошката во Берлин и ему птици од Австралија – нови жители на Скопје ЗОО

0
1718

Лавицата Акети од зоолошката во Берлин е нов жител во скопската градина12-годишната лавица пристигна во Скопје пред шест денови и веќе се прилагодува на животот во Скопје ЗОО. За неколку месеци друштво ќе и прави и лавот кој треба да пристигне од Софија. Лавицата ја добивме благодарение на соработката со Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА). Акети одлично се прилагоди на новото живеалиште и на нејзините зоо негуватели.

Во Скопје пристигнаа и четири ему птици бебиња- Теди, Ким, Бланка и Вили. Бебињата се многу љубопитни и весели, па постојано сакаат да си играат со своите зоо негуватели. Ему птицата потекнува од Австралија и е втора птица по големина во светот, веднаш по нојот. Четирите ему ќе живеат во живеалиштето на кенгурите или реон во зоолошката, познат како „Австралија“. Целиот овој простор наскоро ќе биде реновиран и изграден во Аборџински стил со помош на донаторот „Подравка“.