Куќа која лебди над океанот

0
1417

Спектакуларната куќа во областа Викторија, со причина е една од најфотографираните куќи во Австралија. Со внимателно проектирање направена е илузија дека таа лебди во воздухот, на 40 метри над океанот.

Впечатокот дека куќата лебди, се стекнува со набљудување од одредени агли, особено од почетокот на мостот кој ја поврзува куќата со патот.

kucakojalebdiiznadokeana6650

Од друга перспектива станува сосема јасно дека куќата стои на 15 метарски столб над падините на ридот. Илузијата се разбива од секој друг агол, но куќата не губи од атрактивноста. Кога ќе се премине 17 метри долгиот мост кој води до куќата, од неа се пружа спектакуларен панорамски поглед на шест километри долгата плажа и океанот.

kucakojalebdiiznadokeana1

Куќата претставувала атракција уште од 1978 година, кога ја изградил архитектот Френк Диксон. Изградена била во целост од дрво, а после 40 години почнала да се распаѓа. Семејството Диксон се разделил од својот летниковец во 2005 година за 1,75 милиони австралиски долари, но поднеле жалба и барање куќата да биде ставена на листата на заштитени објекти кога новите сопственици, Кети и Рејмонд Адамс, решиле да ја срушат. Желбата не била усвоена, но сопствениците сепак решиле новата куќа да изгледа многу слично на старата.

kucakojalebdiiznadokeana3

На почетокот на 2013 година, архитектот Франко Фиорентини од студиото “F2 Architecture” започнал со реконструкција на куќата. Како резултат настанал нов, модерен објект на веќе славната основа. Куќата останала во истите димензии и облик, а елегантниот дизајн, оригиналната идеја на Диксон и фантастичната локација им овозможиле на новите сопственици да ја издаваат за 400 евра од вечер.

Со една спална соба и едно купатило, куќата е наменета за две личности без деца кои се во потрага по незаборавно доживување.

kucakojalebdiiznadokeana

Модерниот ентериер со искривени ѕидови и прозорци од земјата до таванот, е надополнет со најнова технологија. Во чешмите се вградени светла кои покажуваат различна боја во зависност од топлината на водата, креветите се развлекуват со притиснување на копче, завесите кои ги покриваат ѕидовите и прозорците се повлекуваат со друго копче…

Пријатниот оган од висечкиот камин и панорамскиот поглед кој го одзема здивот, ќе ве убедат дека ни внатрешноста на куќата не е ништо помалку спектакуларна.

https://www.youtube.com/watch?v=rFgNhoPUkYI

kucakojalebdiiznadokeana5 kucakojalebdiiznadokeana30 kucakojalebdiiznadokeana6 kucakojalebdiiznadokeana10 kucakojalebdiiznadokeana8 kucakojalebdiiznadokeana50 kucakojalebdiiznadokeana9 kucakojalebdiiznadokeana4