Куќа безбедна од поплави

0
1722

Во австралискиот град Пономи е изградена куќата „Плетипус Бенд“, која е подигната од земјата, со цел да биде безбедна од поплави.

Куќата се наоѓа на подрачје кое е често изложено на поплави, па затоа проектантското биро „Робинсон Архитектс“ се потрудило да изгради дом која ќе биде безбеден од полави, но во исто време ќе ги содржи сите каратеристики на еден самоодржлив објект.

133106660-540x320

Конструкцијата на „Плетипус Бенд“ се наоѓа на бетонска платформа која е поставена на столбови, со што целата куќа е подигната над нивото на земјата. Во просторот меѓу столбовите е поставен резервоар во кој се собира дождовница, што се користи во системот за греење поврзан на колекторски систем.

Самата куќа има стаклени ѕидови и големи прозорци од подот до таванот со што се овозмжува влез на големо количество природна светлина во внатрешноста, но и панорамски поглед од домот кон околината.

133106663

Ентериерот на куќата го сочинуваат современ мебел и елементи за домаќинство, својствени за секој модерен дом. Подот во внатрешност е обложен со дрвени штици, а таваните се премачкани со бела боја.

Куќата има и балкон, кој наликува како продлжение на самата градба и е опкружен со челична ограда, која му дава помалку индустриски изглед на целиот дом. Кон ваквиот изглед се надоврзува и едноставната покривна конструкција, кој и додава нитка на софистицираност на куќата.

133106665

Парцелата на која се наоѓа „Плетипус Бенд“ има високи дрва, кои создават сенка и ладовна на објектот и придонесуваат за поубав надворешен изглед на куќата.