Куршум за Ахмети и Тачи зашто не соработувале со кумановските терористи – Поради закана зголемено обезбедување на лидерите на ДУИ и ДПА!

0
1109

оранешни команданти на ОНА, коминикеа со потпис на УЧK, но и поранешни и актуелни политичари, како одговорни за судирот во кумановската Дива Населба го посочија во прв ред Ахмети, но и Тачи. Поранешниот командант на ОНА, Џезаир Шаќири – Хоџа, порача дека Ахмети заслужува куршум бидејќи е предавник, пишува Дневник.

ahmeti-taci-540x295 (1)

За заканите за личниот интегритет и безбедност на партиските лидери, од ДУИ и ДПА официјално не сакале да зборуваат. Од ДУИ велат дека станува збор за чувствително прашање за кое не би коментирале. Од таму не потврдуваат, но ниту демантираат дека е засилено личното обезбедување на Ахмети ниту, пак, информацијата дека е побарана и полициска заштита за лидерот. Неофицијално безбедноста на лидерот на ДУИ, но и на партиските седишта во мала Речица и во скопски Чаир е подигната на повисоко ниво веднаш по експлозијата пред партискиот штаб во Мала Речица, која се случи на почетокот од месецов. Тогаш информациите беа дека веднаш по експлозијата биле повикани и поранешни телохранители на Ахмети за да се засили безбедноста на лидерот.

Како што пишува Дневник, од ДПА не успеале да добијат никаков коментар ни дали е подигнато нивото на личното обезбедување на нивниот лидер, иако веќе извесен период се лиферуваат информации дека Тачи при јавни настапи и средби носи панцир.