КУРТОН ПРОПАГАНДАТА ПРЕПЛАТЕНА СО БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА Е ОЧАЈНА : Вмровските портали бесрамно лажат – на Викиликс нема ништо за Диво Насеље

0
1541

Денеска, на двегодишнината од борбата помеѓу специјалните полициски сили и вооружената група во кумановско Диво Насеље повеќе провмровски портали објавуваат информации со бомбастичен наслов, дека наводно, Викиликс објавил документ од американскиот Стејт департмент според кој терористите во Куманово биле во комуникација со СДСM.

Сепак, вестите не се поткрепени со линк, туку само со фотографија со текст на лош англиски кој треба да послужи како доказ. И покрај барањето од повеќе граѓани, порталите да го објават линкот до Викликс, сепак досега провмровските портали не го прават тоа.

Доколку, пак, се впуштите во пребарување на Викиликс со името на наводниот „кабел“, нема да најдете апсолутно ништо. Таков документ нема. Впрочем, на Викликс засега не може да се најде ништо поврзано со Диво Насеље. Таков линк нема, што значи дека „вестите“ се целосно лажни.

Атмосфера на конфликтност по изјавата на Груевски

Sobranie-711

Овие текстови се само дополнително подгревање на атмосферата на конфликтност која зеде замав по барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, граѓаните да не седат по влечки дома и да се кренат на одбрана на Македонија, бидејќи, како што убедуваше, таа била загрозена.

Ова кулуминираше на 27 април кога по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, група упадна во Собранието и брутално ги претепа пратениците на парламентарното мнозинство, а тепани беа и новинари, вработени во Собранието, полицајци… Меѓу тепачите можеа да се видат и вработени во МВР и УБК, блиски до ВМРО-ДПМНЕ, како и поранешни затвореници, дури и човек кој бил осуден за убиство и на 4-годишно девојче.

Според СДСМ, но и според повеќе експерти, конфликтноста и реториката за потреба од „одбрана“ на Македонија од Албанците и од СДСМ, е поради стравот на врвот на ВМРО-ДПМНЕ од губење на власта и од одговорност која може да следува по бројните судски постапки кои се во тек против нив.

Што навистина се случи во Диво Насеље

12380156_1533775070270932_1099023535_n1-670x502

Косовската ТВ Дукаѓини во јуни 2015 објави снимка, за која тврдеше дека е телефонски разговор на лидери на кумановската група со македонски агент, која служела како доказ за домашните и меѓународни безбедносни структури за да се открие позадината на настанот во Куманово.

Се работи за телефонски разговор помеѓу Ризај и Мирсад Ндрецај и македонски агент, за кои се тврди дека имале силни врски со еден агент на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија (УБК).

Разговорот се одвивал неколку недели откако Ризај и Ндрецај нападнале граничен пункт на планинското село Гошинце во Липково, на границата Македонија – Косово.

Ндрецај и Ризај не ја очекувале интервенцијата на македонската полиција за време на акцијата во Гошинце и се сомневаат дека се издадени од македонскиот агент. Ова се потврдува и за време на разговорот, објавува ТВ Дукаѓини.

РТВ Дукаѓини не била во состојба да ја потврди на независен начин автентичноста на разговорот.