КУРТИЗАНА РЕЖИМСКА – И ПОСЛЕ СИТЕ БОМБИ И ЗЛОСТОРСТВА НА РЕЖИМОТ: Калиопи пееше на конгресот на ДПМНЕ во Куманово!

0
2725

kaliopi-2

Калиопи пееше пред неколку дена на конгресот на ВМРО ДПМНЕ во Куманово! И покрај сите бомби, скандали, афери и злодела, Калиопи избра да биде микрофон на режимот и за добра пара од ангажманите од општините и режимските фирми да молчи за злоделата на режимот и да пее на нивните собиранки и фешти!

kaliopi

ТРАГЕДИЈА! Жената која е пола век на сцената и која сеуште има колку толку авторитет меѓу народот избра да биде само уште една РЕЖИМСКА ГЕЈША, КОНКУБИНА, КУРТИЗАНА!

zapoznajte-gi-odblizu-kalioiul78l78l78l7

Сите правиме избор во одредени историски моменти и потоа ги носиме последиците од тој избор. овие неколку години на силен режим во Македонија, многумина избраа да останат во скутот на Груевски и да скокаат за добра пара. Некои во последен момент решија да скокнат од тој скут и да се исправат гордо и да се престројат на правата страна. Времето за носење на правилна одлука неумоливо истекува. На 17 мај е последниот рок во кој сите Македонци имаат шанса да застанат на исправната страна на барикадите. Потоа ќе биде доцна за прешалтување. Потоа вечно ќе го носат срамот што поддржале еден режим кој срамно го лажел и угнетувал народот на Македонија!

Калиопи ќе остане нешто најдобро од Македонија на полето на музиката, но како личност таа многу се извалка и избербати и нема да може да оди со крената глава во јавноста доколку не се определи за исправната страна во периодот кој следува!

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=-ps0hYeJ3vU[/youtube]