Купопродажбата на ОКТА ја потпишал Стојменов, Груевски со анекс и овозможил поволности на Грчата Хеленик петролеум

0
1806

Сега дури го изгледав интервјуто со Богоевски. Ги одра од што ги соголе 🙂 Но има еден факт што е погрешен. Груевски го нема потпишано договорот за ОКТА.

Не чувам главно ништо од тоа што сум пишувала, освен последниве години, но Договорот за ОКТА е еден од ретките што ги чувам затоа што многу пишував за тоа и го симнав од веб страната на Владата на Груевски во 2006, кога ги објавија и Договорот за ОКТА и оној за ЕСМ, но потоа кога го дадоа аеродромот под концесија, ги симнаа сите договори и својот, се разбира, го сокрија од јавноста, допрва ќе се дознае и за тоа. Е сега за ОКТА.

Богоевски има право дека Груевски како министер за трговија им направи неверојатно добра услуга на грчки Хеленик, поточно ЕЛПЕТ Балканика кои ја купија рафинаеријата, но не со потписот врз купоптодажниот договор. Кога ЕЛПЕТ Балканика ја купи рафинеријата, Македонија како држава имаше веќе договор за екслузивен снабдувач за потребите на државата да биде компанијата на Мамидакис, Мамидоил – Џетоил.

Откако Хеленик ја купи ОКТА, за нив беше непрофитабилно да имаат рафинерија во Грција, а да купуваат нафта од Мамидакис и наместо Хеленик да ја крши спогодбата, Груевски во име на Македонија потпиша дека од сега, ОКТА ќе може да си купува и препродава нафта од својата мајка компанија во Грција. Освен неверојатен профит за Хеленик, Груевски ја оштети државата за 13,5 милиони евра, колку што меѓународниот суд во Париз пресуди дека писмото со негов потпис го оштетило Мамидакис и се разбира, штетата ја плати Македонија, а со тоа писмо пред камери мафташе Стевчо Јакимовски, министер за економија во тогашната влада на СДСМ кога беше објавена пресудата. Сега Стевчо веројатно го крие документот 🙂

Инаку Договорот за купопродажба на ОКТА што не можам да го постирам бидејќи е во пдф, е потпишан од Борис Стојменов како министер за финансии и Марјан Ѓорчев како директор на Агенцијата за приватизација и натаму анексите се потпишани од истиот Стојменов и наследничката на Ѓорчев, Слободанка Ристовска, поранешна директорка на Агенцијата за приватизација.

Фејсбук статус на Ида Протугер