Криминал, криминал, и само криминал, друго за ништо не ги бива братучедите : Од Израел биле исплатени провизии од 540.000 и 840.000 евра за опремата на УБК

0
1376

Sasho Mijalkov krv

Освен аудио-снимки, опозицискиот лидер Зоран Заев приложи и SMS пораки во прилог на неговите тврдења дека шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, зел провизија за набавка на опрема за прислушување на тајната полиција од Израел.

Според Заев, една од пораките потврдува дека извесен Израелец Хајн Хакејни информира дека бил пуштен првиот дел од провизијата од 540.000 евра, додека втората порака потврдува дека биле пуштени уште 840.000 евра.

Тој приложи документот кој потврдува дека Хакејни бил чест гостин во земјава од 2008 година, а неговите посети се поклопуваат со тајмингот на префлрување на двете споменати суми.