Кривична пријава за поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Панче Дамески

0
2547

Општинската организација на СДСМ-Прилеп поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Панче Дамески.

Дамески се сомничи дека во времето кога бил претседател на Кинолошкиот сојуз на Република Македонија (КСРМ), ги сторил кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, како и кривичното дело „Затајување“.

Krivichna

„Како претседател на КСРМ во 2011 година во име на сојузот примил донација во износ од 35.680 евра од Кинолошката федерација на Република Бугарија. Се сомневаме дека овие средства никогаш не стигнале на сметка на КСРМ. Дали овие пари се подигнати во готово, како завршиле во РМ и каде? Дали е ова причината заради која Дамески се обиде физички да се пресмета со мирните протестанти од Шарената револуција“, праша претседателот на ОО на СДСМ-Прилеп Сашо Велески.

Donatsija

Од Договорот за донација склучен на бугарски јазик, јасно се гледа дека на 28.01.2011 година во Софија, Република Бугарија, претседателот на бугарскиот кинолошки сојуз Камен Георгиев Литов, на тогашниот претседател на КСРМ Панче Дамески му предал 35.680 евра, средства кои требало да бидат искористени за потребите на македонскиот Кинолошки сојуз.

Како член на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Дамески беше пратеник во Собранието на РМ во периодот од 2006 до 2014 година.

Пишува : Зоран Милошоски

Извор : РеволуционерМк