Кривична за директорка на прилепско училиште која вршела набавки без договор

0
1734

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 39-годишна прилепчанка за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ во својство на директорка на основно училиште.

Како што информираат од МВР, пријавената во текот на 2017 година, како директорка на прилепското основно училиште „Блаже Конески“, вршела набавки на стоки и услуги без да спроведе постапка за јавна набавка и писмен договор со економските оператори.

Исто така, прилепчанката во повеќе наврати, спротивно на законот на јавни набавки, односно без одобрување од Општина Прилеп, вршела набавки на стоки и услуги од фирми.

На овој начин, пријавената предизвикала материјална штета од 3.069.454 денари на буџетот на општина Прилеп.