КРАЈ! Требаше вчера да бидете во Велес за да го видите народот со Заев!

0
1196

Депласирано е и нема ништо ново во реченото: секоја приказна има крај!

Но, навистина е така. На нашава приказна и доаѓа крајот. Смелоста го победува злото кое остана само!

Погледнете му го опкружувањето насекаде каде што се движи: истите 5-6 лика. Некогаш, “неговиот народ” сам трчаше во автобуските сендвичари. Сега, и со најголема сила и закани доаѓаат во Скопје со спуштени пердиња во полупразните автобуси. Скриени, засрамени, па дури и уплашени. Зарем оружјето кое дел од нив го носат со себе на неуспешно режираните сендвич пикници не говори за страв? Или е тоа знак на некоја решителност да се пука во некој кој им го разголи до гола коска лидерот на “народната благосостојба”?

Вчера требаше да бидете во Велес и да почувствувате дека граѓанинот на Македонија, оној кој го поделија и по национални и верски, но и по сите други основи ја препозна вистинската вредност!

Вредноста го пропешачи градот со својот народ! Со нашата младост, со иднината на Македонија. И без огромната чета на оние кои го штитат од НАРОД!

Злото е на колена. Му преостанува само да моли за блага казна. А, најблага казна ќе му биде да го добие тоа што го заслужи! Која?

Сите знаеме!

Горан Арсов, фб статус