Кражба во просторијата на Општинска изборна комисија Кавадарци, украдени ув лампи, перничиња за печати, пенкала..

0
1245

Министерството за внатрешни работи информира дека претседателот на општинската изборна комисија во Кавадарци вчера попладне во локалната полициска станица пријавил дека биле украдени изборни материјали од големата сала во зградата на Општина Кавадарци, што ја користела комисијата.

Кражбата, како што информира полицијата била извршена вчера во периодот меѓу 1.30 и 6.30 часот. Сторителот, како што информираат од МВР, влегол преку вратата од салата, која била заклучена, а на која полициската екипа која извршила увид не констатирала оштетувања.

Од салата, според полицијата, биле одземени, три УВ-ламби, неколку перничиња за печати, пенкала кои се користеле за гласањето и линијари.