КРАДОНАЧАЛНИК ЗА ГИНИС: Нова кривична пријава за Талески, засега во мртва трка со Мацко од Прилеп, им се приближува муњевито Стефчо Муња!

0
1585

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во период од 2015 до 2017 година, пријавениот спротивно на Законот за локална самоуправа дозволил две правни лица да бидат ослободени од плаќање месечен надомест за вршење линиски превоз на патници во општина Битола, со што нанел штета на општината во висина од 799.200 ден.

Покрај ова, со потпишување на договори со превозници и правни лица кои користат услуги, неосновано створил побарување на општината од 11.329.253 денари.

Исто така, по завршување на проектот „Реконструкција на автобуски стојалишта“ не презел дејствија за вршење на надзор за одржување на автобуските постојки.