Кој тоа прави шеми со името на Трифун Костовски и го промовира како кандидат на СДСМ за премиер на преодна влада?!

0
1962

Екс градоначалникот на Скопје Трифун Костовски кој доби мандат со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и кој важи за човек близок на Орце Камчев, олигархот газда на МПМ кој финансира цела герила на провладини медиуми и кој важи за другар на Сашо Мијалков, екс директорот на УБК во владата на Груевски.

trifun

Според информациите со кои располагаме за да се протне предлог и нечија кандидатура најпрво треба да се испочитуваат статутарните одредби на партијата, а тоа значи дека предлогот најпрво треба да помине преку највисоките партиски органи на СДСМ, Централниот одбор на партијата како и Извршниот одбор, па потоа да се донесе одлуката за негово промовирање како кандидат на СДСМ за идната преодна влада која треба да следи по оставката на Груевски.

Нашите извори тврдат дека ова не е пробен балон на СДСМ туку дека повеќе личи на нечија лошо координирана шема каде се гледа некој личен бенефит отколку тоа да е нај идеалното решение со кое би се согласила и целата опозиција. По синоќешно појавување на Трифун Костовски во кампот на слободата пред влада како Диџеј одредени медиуми ја пласираа веста дека токму тој е кандидатот на СДСМ за премиер на преодната влада, иако од извори на СДСМ силно го демантираат ваквиот обид за промоција како нивен предлог кандидат за премиер на преодната влада.

Како и да е останува да ја почекаме оставката на премиерот Груевски за да се случи преодната влада и да го дознаеме предлогот на опозицијата и власта, иако сега сеуште не станува никаков збор за тоа бидејќи премиерот сеуште не поднел оставка.