Кој е геј?

0
1719

Последниве денови има многу испомешани реакции околу созннијата дека високи претставници на најхомофобичната политичка партија во историјата на Македонија се послужувале со стан на бивш разузнавач како би правеле оргии, вклучително и хомосексуални. Коментарите отидоа дотаму, што некои ги бранат и велат не требало да се објавуваат такви информации, тоа била приватна работа!

Не! Не се сложувам! Не треба сексуалната ориентација на некој кој пропагирал и во реалност спороведувал јавни политики кои многу луѓе ги ставале во подредена позиција па дури и им го загрозувале здравјето и безбедноста заради нивната сексуална ориентација, да биде приватна работа. Па тој(тие) ја користеле сексуалната ориентација за стигматизирање, дискриминирање, сеење омраза, поттикнување и неказнување на насилство. Зошто сексуалната ориентација би била јавно средство за политичка артикулација на животот на другите, а би била „приватна работа“ за нив самите?!

Дилемите околу „аутирањето“ на нечија сексуална ориентација во активизмот за правата на ЛГБТИ луѓето се одамна решени. Уште со самиот старт на тој активизам. При крајот на деветнаесетиот век Магнус Хиршфилд го основа Научно-хуманитарниот Комитет во Германија, преку кој започнува јавна кампања против законот „Параграф 175“, со кој се криминализирал сексуалниот акт меѓу двајца мажи. На оваа иницијатива силно се спротивставува канцеларот и Адолф Брандт, кој откако се одделил од Комитетот на Хиршфилд прв го употребува терминот „outing“ и го аутира канцеларот како некој кој има редовно сексуални односи со мажи, изложувајќи ја во јавноста хипокризијата на канцеларот. Најновиот драмски текст на Горан Стефановски „Figurae Veneris Historiae“ е токму посветен на животот и делото на Хиршфилд.

Треба јавно изложување на овие хипокрити кои една деценија работат директно против правата, безбедноста и еднаквоста на ЛГБТИ луѓето.

Фејсбук статус на Кочо Андоновски