КОЈ ГО ЗАПАЛИ ЛУСКУЗНОТО БЕНТЛИ НА СЕАД КОЧАН?! ДАЛИ ФАМИЛИЈАТА СЕ ОБИДУВА ДА СИ ЈА НАПЛАТИ ПРОВИЗИЈАТА ОД 200-ТЕ МИЛИОНИ ЕВРА ТЕНДЕРИ?!

0
4208
Голем пожар настанал во гаражите за автомобили под зградите на Гранд Престиж кај Алумина во населбата Тафталиџе, помеѓу улицата „Прашка“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, каде што целосно изгорел автомобилот на бизнисменот Сеад Кочан кој се бара со меѓународна потерница, а од пожарот зафатена била цела електрична инсталација, дознава Centarnews.net
Пожарот се случил вчера околу 05:00 часот, а според полициски извори, пожарот почнал токму од луксузното возило марка „Бентли“ на бизнисменот Сеад Кочан. Сеад Кочан се сомничи дека со фалсифукувани документи добил тендер од државната компанија ЕЛЕМ, вреден 17 милиони евра.
Противпожарните екипи интервенирале со три против пожарни возила едвај успеале да се пробијат од паркираните возила на улицата „Прашка“. Наскоро се очекуваат детали за причината за настанување на пожарот и материјалната штета. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Мактел дознава дека е голема веројатноста дека во случајов се случува жесток дуел меѓу Сеад Кочан и фамилијата.
Дознаваме дека фамилијата барала од Сеад да им го исплати делот кој им следува за дадените 200 милиони евра тендери на Трансмет, но овој одбивал да го направи тоа!!!
Извор : Мактел