КОЈА ИРОНИЈА – НАЈРАДИКАЛНИОТ ПУТИНИСТ, ЈАНКО БАЧЕВ НАПРАВИ ИНТЕРВЈУ ЗА ГЕРМАНСКИ ВОЛ СТРИТ ЖУРНАЛ КАДЕ ЖЕСТОКО ПЛУКА ПО МЕРКЕЛ, НАТО, ЕУ И САД!

0
1158

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, синоќа  во седиштето на партијата имаше две интервјуа за странски весници:  Интервју за  најчитаниот германски неделен весник „Die Zeit“со тираж од 500.000 и проценета читателска публика од над 2 милиони и Интервју за е еден од најголемите дневни весници во САД „The Wall Street Journal“, со тираж од околу 2.617 милиони примероци.

Претседателот Бачев ја запозна бројната читателска публика во Германија и САД за вистината за Македонија и Македонците дека не сакаат во ЕУ, НАТО и промена на името и дека за нас светот е многу поширок и не завршува до Брисел и Вашингтон. Потенцираше дека како Македонци  никогаш нема да се помириме со бришењето на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.  Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега, но битката која ја води Единствена Македонија на крајот заедно како Македонци ќе ја победиме на изборите во 2020 година – настан од историско значење на кои народот, а не некој странец ќе го даде одговорот – или  ќе се зацементира бришењето на се што е македонско, или, на изборите ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи.