КОЈА Е ИВАНКА ВАСИЛЕВСКА ЕКС ДОДОВСКА КОЈА ЈА ШОКИРАШЕ ЈАВНОСТА ОВИЕ ДЕНОВИ СО ИЗЈАВАТА ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ СПОИМЕ СО СРБИЈА: Контроверзна молскавична политичка и професионална кариера забрзана со помош на врските на нејзините политички моќни мажи?!

0
8989

Станува професорка на правен по брза постапка додека е во брак со министерот во владата на Љубчо, Марјан Додовски, во периодот 1998-ма до 2002-ра, кога тој е еден од најмоќните министри во владата на ВМРО ДПМНЕ и ДПА.

Можеби е тоа случајност? Тешко, многу тешко се станува професор на правен на УКИМ, за тоа треба некој да те гура, тоа е јавна тајна…

Потоа Додовски заедно со Љубчо се трга во ВМРО НАРОДНА и нејзината кариера овој период стагнира.

Но во 2012-та, Марјан Додовски преминува во ВМРО ДПМНЕ кои се на власт и професорката Додовска одеднаш се вивнува на јавната медиска сцена како тотален анонимус, и станува битна аналитичарка, гостува по телевизии, добива колумни во порталите и весниците кои се дел од режимската пропаганда!

Случајност, можеби, но тешко…

Пред неколку години таа се разведува од Додовски чија политичка ѕвезда бледнее и стапува во врска и потоа се мажи за водачот на Заедничка Македонија, Борис Дамовски и станува дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ како награда за ангажманот на Дамовски кој за малце ќе завршеше во затвор на 20 години за обвинение за тероризам, но го спаси амнестијата која беше услов за 8-те пребегани пратеници да гласаат за договорот од Преспа?!?!-

Случајност? Можеби, но многу тешко да е така, не се станува тек така член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, за тоа треба некој да те гура, лобирање, врски, преголема е случајноста…

Се чини оваа жена е многу снаодлива или пак сето ова се само случајности, тоа само таа си знае и нејзините блиски. Ние сме тука само да укажеме на овие интересни случајности…