КОШМАР за Грујо: Сваровски судиите од тефтерчето на Гоца Бесни Брк нема да имаат допир со предметите на СЈО – Ќе се формира специјален суд по урнек на Михајло Маневски

0
5399

Ќе се формира Специјализирано одделение во рамки на Основниот суд Скопје 1, дознава порталот Сакамдакажам.мк од дипломатски извори.

Уставот не дозволува формирање специјален суд, но нема никакви пречки да се формира посебно одделение кое би го имало истото име како што го има и обвинителството на Катица Јанева – Одделение за кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Тоа одделение би имало од судии во претходна постапка, кои ќе одлучуваат за барањата за притвор и за мерките за безбедност што ќе ги предлага Специјалното обвинителство, до судечки судии, кои ќе ја финишираат првостепената судска постапка за случаите на СЈО.

Новото одделение ќе биде формирано по урнек на Одделите за организиран криминал и корупција во Јавното обвинителство на Република Македонија и во Основниот суд Скопје 1, чиј творец е поранешниот министер за правда Михајло Маневски.