Коцијанцич ја нокаутира режимската пропаганда: Поканата е испратена директно до Иванов без консултации

0
1025

kocijancic

Поканата за учество на Самитот за меѓународната мигрантска криза овој викенд во Брисел била упатена директно до претседателот Ѓорѓе Иванов, со одлука на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, без претходно консултации, објавува Телма повикувајќи се на изјава на портпаролката на Европската Комисија.

– Претседателот Јункер ја испрати поканата директно до Ѓорѓе Иванов , претседател на Поранешната југословенска Република Македонија. Тоа беше одлука на претседателот Јункер без претходни консултации – изјави портпаролката на ЕК, Маја Коцијанцич на прашањето на Телма – дали поканата е упатена директно до Иванов со или без претходни консултации со македонските власти.

Со ова директно се негира тврдењето на владината прес служба дека премиерот имал однапред договорена агенда и посета на ОАР и дека на средбата со  Јункер, по претходен договор меѓу македонските институции, ќе присуствува Иванов.

Инаку, поканата до Иванов за учество на Самитот за мигрантската криза е испратена на 20 октомври.