Коце Трајановски исвиркан на Пиволенд

0
1179

Добрата музика и атмосфера го вжештија расположението на скопската публика, која се освежуваше со богатиот избор на пива, на синоќешното отварање на овогодинешниот Пиволенд, но обраќањето на градоначалникиот Коце Трајановски го разгори уште повеќе.

Осма година по ред во Скопје се одржува гурманскиот фестивал на древниот пијалак, каде освен повеќе од 50 видови пива од целиот свет, на посетителите им се нуди и добра атмосфера, супер музика и забава.

Вчеравечер, Пиволенд го отворија „Шинтер“, „Марлон Брандо“, а како кулминација на вечерта беа групата „Д.Н.О“ и Тони Зен.

Публиката уживаше во звуците на добрата музика и вкусното пиво, но бурно реагираше кога скопскиот градоначалник Коце Трајановски излезе на сцената.

Тој излезе со цел да им посака убава вечер на посетителите на фестивалот, но беше исвиркан и исмеан од публиката, која наместо со аплауз го испрати со „уа“.