Коста Петров и Нина Ангеловска нови потпретседатели на СДСМ

0
1440

Коста Петров познат како автор на популарни книги за самопомош, Пи-ар експерт – работеше во Кабинетот на Арбен Таравари кога беше министер за здравство и Нина Ангеловска – директорка на „Групер“ – фирма за продавање на производи на интернет ќе бидат новите потпретседатели на СДСМ, дознава НОВА.

Изборот на Петров и Ангеловска кои предизвикаа изненадување во јавноста поради фактот дека ниту еден од овие двајца млади луѓе досега не се занимавал со политика, се очекува да биде потврден вечерва на седницата на Централниот одбор на партијата.

На вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ велат изворите на НОВА се очекува Нина Ангеловска – директорката на „Групер“ да биде предложена и за нов министер за финансии. Таа ја прифатила понудената позиција.