КОРЕКЦИЈА – ЏОЛЕВ НЕ БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ ТУКУ ЗА СУДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ КОИ ИМААТ МИЗЕРНИ МЕСЕЧНИ ПРИМАЊА

0
1268

И претседателот на скопскиот Кривичен суд, Иван Џолев, дојде на протестот на судската администрација кој се одржува пред Граѓанскиот суд, кој вели дека дава максимална поддршка, бидејќи станува збор за највредните работници во државата.

Судската управа дојде да даде поддршка за барањата на судските службеници.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

– Сметам дека залужуваат повисоки плати односно повисоки примања. Станува збор за највредните службвеници во државата. Станува збор за највредните службеници во државата, заедно со здравствените работници и со просветните работници. Сметам дека треба и судските административци по разни основи да имаат поголеми примања, бидејќи многу работат и имаат стресна работас. Не гледам проблем во судско –буџетскиот совет, ние ги поддржуваме нивните барања. Очигледно е дека во минатото во неколку наврати се зголемени платите на судските службеници, што е за поздрав и верувам во иднина ќе има таква тенденција- вели претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.

Изјава на Иван Џолев – Претседателот на Скоскиот Кривичен суд

Извор : Слободен Печат