Под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса утре (27.01.2017) времето во Македонија ќе биде сончево и претежно тивко со мала локална облачност.
Долж Повардарието и во југоисточните предели ќе дува слаб ветер од северен правец. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за магла и ниска облачност.
Температурата ќе се движи во интервал од -3 до 5 степени.
Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!