КОНЕЧНО ДОБРИ ВЕСТИ ОД БИТОЛА : 50.000 багремови садници ќе се садат околу РЕК Битола

0
1000

Од могилското село Беранци, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски викендов најави дека на почетокот на декември ќе има акција за засадување на 50.000 багремови садници околу РЕК Битола.

Во Беранци заедно со градоначалничката Гулевска направија увид во паркот кој таму се уреди со пари што ги доби општина Могила како обештетување од загадувањето на РЕК Битола.

“АД ЕСМ и РЕК Битола годинава издвоија околу 25 милиони денари за трите пелагониски општини – Битола, Новаци и Могила врз основа на Законот за животна средина и Методолодијата за распределба на средства од производство на електрична енергија од фосилни горива. Паркот во с. Беранци се гради токму со тие средства, а слични зафати Општина Могила има во уште неколку населени места. Овие проекти се потврда за соработката меѓу општините и компанијата со цел квалитетна и сеопфатна заштита на животната средина.

На почетокот на декември продолжуваме со засадување на нови 50.000 багремови садници во околината на РЕК Битола. Дел ќе бидат во близина на с. Логоварди и с. Агларци, со што ќе се обидеме конечно, после многу најави во минатото, да го формираме зелениот појас околу РЕК Битола, дополнително да ја заштитиме животната средина и здравјето на жителите во населените места што гравитираат околу најголемиот производител на електрична енергија во земјава” – порача генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски за време на посетата на с. Беранци, Општина Могила.