Комична изјава на Александрова по повод вработувањето на ќерката во фондот за иновации : Разочарана сум како медиумите ги третираат децата на јавните личности, тоа што ми е ќерка нема врска, несакам да коментирам

0
1106

Независната пратеничка Емилија Александрова не сака да ја коментира информацијата за вработувањето на ќерка си Сара Александрова во Фондот за иновации и технолошки развој.

Пратеничката за „Макфакс“ изјави дека е разочарана од тоа како медиумите ги третираат семејствата на јавните личности.

„Не би сакала да давам изјави поврзани со ќерката и фамилијата. Разочарана сум од тоа како медиумите ги третираат семејствата, децата на јавните личности“, рече Александрова прашана за тоа дали ќерка ѝ Сара е вработена во Фондот за иновации.

Александрова не одговори ниту за шпекулациите дека ќерка ѝ е вработена преку врски благодарение на нејзиниот глас за промена на Уставот.

„Не би сакала да коментирам“, рече Александрова.

Одговор на прашањето во врска со вработувањето на Сара Александрова најави и Фондот за иновации и технолошки развој, но оттаму инсистираат комуникацијата да биде преку електронска пошта