Комерцијална банка АД Скопје ја потврдува својата успешна работа и надвор од границите на нашата земја. Овој пат се најде на страниците на престижниот магазин TIME

0
1068

Комерцијална банка АД Скопје ја потврдува својата успешна работа и надвор од границите на нашата земја. Овој пат се најде на страниците на престижниот магазин TIME во текст со наслов: Комерцијална банка – ЦВРСТИ ТЕМЕЛИ.

За нас ова претставува извонредна потврда за нашата посветена работа и ориентираност кон европските и светски финансиски пазари.

„Се надеваме дека глобализацијата ќе ни помогне да привлечеме повеќе странски инвестиции кои позитивно ќе влијаат и на нашата земја и на Банката“ – изјави за TIME Главниот извршен директор на Банката г. Хари Костов.