КОМЕДИЈА : Александар Николовски прочита на конгресот на ДПМНЕ писмо со поддршка до Груевски од Јанез Јанша, осудениот премиер на Словенија кој лежи казна затвор од две години!

0
1154

aleksandarnikolovskijanezjansha

Комедија на конгресот на ДПМНЕ! Александар Николовски прочита писмо со поддршка до Никола Груевски од Јанез Јанша од Словенија, екс премиерот на оваа земја кој во моментов е во затвор за корупција! Еве за што беше осуден:

На 5-ти јуни 2013-та година судот во Љубљана го прогласи за виновен словенечкиот ескспремиер и лидер на опозицијата Јанез Јанша, осудувајќи го на казна затвор од две години, како и парична казна од 37.000 евра  за вмешаност во корупциската афера „Патриа“.

Јанез Јанша заедно со двајца негови поранешни соработници е прогласен за виновен за примање мито за време на потпишувањето договори меѓу словенечката влада и финската компанија „Патриа“ за набавка на оклопни транспортери во вредност од 278 милиони евра во 2006 година.

Затворски казни во траење од по 22 месеци и парични казни од  по 37.000 евра им се изречени и на бизнисменот Иван Чрнкович, сопственик на „Ротис“ и на генерал Тоне Кркович. Судот со оваа одлука во целост го прифати барањето на Обвинителството.

Судскиот процес пред првостепениот суд стартуваше во септември 2011 година, а беа одржани повеќе 50  рочишта. Сите обвинети уште на самиот почетокот на процесот се изјаснија за невини, а според Јанша ова е обид тој да биде отстранет од политичките води. 

Во меѓувреме судот одлучи да ја издвои судската постапка против австриско-канадскиот бизнисмен Валтер Волф, обвинет за посредување со незаконски провизии во „Патриа“ и против поранешниот пратеник од Словенечкатата демократска партија на Јанша, Франц Загожен, бидејќи Волф е недостапен за судот и се наоѓа во Канада, додека Загожен е тешко болен.

Судењето ја подели словенечката јавност – 47 % очекуваат поранешниот премиер да биде прогласен за виновен, а 40 % ослободителна пресуда.

Пред Окружниот суд во Љубљана, како што јавуваат тамошните медиуми, се собрани неколку стотици приврзаници и противници на Јанша.

Janez_Jan--a_2012