Комедиии: Откако ја прошета Маја до Египет, Иванов откри некој кој може и него да го реферира

0
1463

Пред малку заврши средбата на седницата на Совет за безбедност, која вечерва ја свика претседателот  Ѓорге Иванов.

На седницата на Советот за безбедност субјектите на системот за управување со кризи задолжени за превенција и справување со кризната состојба, го информирале претседателот на Република Македонија и членовите на Советот за безбедност за заканата од илегална миграција што доаѓа од територија на Европската Унија и Шенген-зоната, како и со можностите за развој на заканата и зголемување на ризиците.

„Синоќа се случи инцидент на нашата јужна граница. Нашите безбедносни сили успешно реагираа. Ја поздравувам нивната навремена и одговорна реакција, без употреба на сила. Со затворање на балканскиот коридор, очекувано беше да се зголемат обидите за насилно и илегално влегување во Македонија… Република Македонија ниту е членка на Европската унија, ниту на НАТО, ниту на Шенген зоната и не може да ги трпи последиците на неединствената политика на Унијата. Не смее властите во која било држава на оваа мигрантска рута да останат пасивни набљудувачи на ваквите инциденти. Најдобриот сигнал што може во овој момент да се упати е да се прекине со практиката на носење дополнителен број мигранти кои би поставувале кампови на самата гранична линија“, рече Иванов.

Тој смета дека отсуството на комуникација и соработка меѓу политичарите и безбедносните служби на Република Македонија и Република Грција и неможноста да се воспостават заеднички оперативни тимови за брза интервенција довело до ситуацијата кога во земјава нелегално влегоа околу илјада мигранти. Иванов исто така потенцира дека Македонија ќе ги преземе сите мерки и активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност

На седницата на Советот за безбедност учествуваа и лидерите на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски и на СДСМ, Зоран Заев.

На седницата не присуствуваа лидерите на ДПА и ДУИ, а во име на двете партии учествуваа Талат Џафери и Имер Алиу.