Командант Малишева со провокации од затворот во Шута : Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица ќе биде скршен од ќотек

0
1497

Припадникот на кумановската група Мухамед Красниќи, алијас командант Малишева, на својот Фејсбук профил им честиташе на напаѓачите на екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристевски, кои се осомничени за организатори на крвавиот четврток, а кои вчера беа нападнати во затворот во Шутка.

  • „Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица и кој ќе ни падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Крашниќи, браво братучед. Миле Јанакиевски беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес. Ние нема да престанеме во оваа битка. Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот“, пишува Красниќи на својот Фејсбук профил.