Актерот Колин Фарел, моменталната ѕвезда на серијата „True Detective“, се придружи на актерската екипа на филмот „Fantastic Beasts And Where To Find Them“, спинофот на приказната и филмовите „Harry Potter“.
Фарел ќе ја толкува улогата на Грејвс, волшебник кој ќе го сретне главниот лик Њут Сцамандер (Еди Редмејн) во Њујорк.
Дејствието во „Fantastic Beasts And Where To Find Them“ се случува 70 години пред настаните во Harry Potter серијалот и ја раскажува приказната и авантурите на Скамандер низ волшебниот свет и неговата цел да ги документира магичните суштества што ќе ги сретне, за подоцна да креира учебик што подоцна би бил користен од учениците во Хогвортс.
Сценариото за филмот ќе го напише Роулинг, а режијата е на „Harry Potter“ режисерот, Дејвид Јејтс.
„Fantastic Beasts And Where To Find Them“, напишана од страна на Џ.К.Ролинг под псевдоним, се планира да биде екранизирана во трилогија. Премиерата на првиот филм ќе се случи на 18 ноември 2016 година.