КОЛЕШКИТЕ ОД АКАДЕМИЈА НА СУДИИ ЈА РАСТРГНАА: Сопругата на директорот на ЈСП не ни сакала да биде судика, онака ради реда и била целата мака!

0
2935

За вмровската снајка, новинарот Ерол Ризаов е зелен кловн?! Тој го откри нејзиниот скандалозен случај, кога добила само 2 бода од можни 8 за влез во академија на судии, но преку врски и тужења и разни битки усоеала да се докопа до максимум 8 бода?!?!

Еве го случајот кој го објавивме денес, а потоа ќе го видите нејзиното правдање во групата на фб на академија на судии каде плаче дека требало да ја пуштат да помине затоа што имала бебе?!

Еве ја сторијата од денес:

Ерол Ризаов во својата најнова колумна за „Утрински“ Зошто нема правда пренесува автентично сведоштво за тоа како во Македонија се станува јавен обвинител и судија.

Ќерка на поранешна судијка во Врховен суд и сопруга на познат директор на јавно препријатие е еден од кандидатите за прием во шестата генерација во Академијата за судии и јавни обвинители ’Павел Шатев‘. На писмениот дел од приемниот испит за студиите од граѓанска и кривична материја и кои треба да бидат клучни за квалитетот на кандидатот таа освоила 2,5 бода од 8 колку што можат да се освојат. Едвај успеала да го помине прагот за да може да поднесува правни лекови (приговори, жалби итн.). Значи, со својот личен капацитет и без помош од страна или од други, толку.

Од тој момент започнува вистинска ’борба преку правни лекови‘ и целосно успева во таа борба, односно кандидатаката станува вистински победник. Таа ја започнува т.н. правна битка со органите на Академијата за судии и јавни обвинители – Комисијата за полагање приемен испит и со Управниот одбор на Академијата, а потоа и со Управниот суд и Вишиот управен суд. Така, против решението, со кое и’ е утврден резултатот од 2,5 бода на писмениот дел од приемниот испит, поднесува приговор бр.07-178/33 од 11.4.2016 година, кој делумно и’ се уважува од страна на Комисијата за полагање приемен испит, а потоа поднесува и жалба бр.07-204/17 од 6.5.2016 год. до Управниот одбор на Академијата, која исто така делумно и’ се уважува.

На тој начин, на 2,5 бода и’ признаваат и и’ додаваат уште 2,5 бода така што само од органите на Академијата е наградена со 2,5 бода и стигнува до 5 бода. Меѓутоа, амбициозната кандидатака не се задоволува со тој ’успех‘, туку борбата ја продолжува пред Управниот суд поднесувајќи тужба. Од страна на Управниот суд Скопје е донесена одлука У-5.бр.2005/2012 од 7.9.2016 година, со која и’ се додава нов 1 бод и така добива 6 бода. Таа не е задоволна и сака да ги добие сите 8 бода. Затоа и на првостепената одлука поднесува жалба до Вишиот управен суд, која и’ се усвојува со одлука Уж-3.бр.547/2016 од 5.10.2016 год.

Оваа ’макотрпна борба‘ не е завршена бидејќи со последната одлука на Вишиот управен суд постои можност да и’ бидат признаени нови бодови и таа да ги освои сите можни 8. Останува отворено прашањето дали ќе успее да победи бидејќи правдата е на нејзина страна или, пак, таа заедно со мајката и сопругот успеала да ја впрегне и да ја придобие партиската машинерија да работи како нејзин сојузник.

Според одлуката на Вишот управен студ УЖ-3.бр.547/2016,  станува збор за Маја Јанушева, која според презимето најверојатно е сопруга на актуелниот директор на ЈСП Игор Јанушев.

Патем, името и презимето на Маја Јанушева може да се најде и на веб сајтот на Министерството за транспорт и врски, каде фигурира како вработена во секторот за општи работи.

Целата клумна на Ризаов може да ја прчитате ОВДЕmaja1maja2