Кои се можните носители на листите на СДСМ?

0
1672

СДСМ утре на конгрес ќе ги обелодени кандидатските листи за пратеници.

Овие денови се одржуваат разговори и состаноци за дефинирање на листите.

Се шпекулира  дека можни носители на листите се Стево Пендаровски, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски. Се очекува на листите да се најдат и познати имиња од општествениот живот кои досега не биле активно вклучени во политиката. Не е исклучено на листите да има и независни кандидати во сите шест изборни единици.

Утре конгресот во 14 часот ќе почне во „Александар Палас“.  Утрешниот конгрес на СДСМ е  втор за нешто повеќе од месец дена. На почетокот на октомври, се усвоени програмските насоки на партијата, а утре делегатите треба да ги одобрат 120 кандидатури за пратеници во шесте изборни единици.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека листите ќе ги објават на некој поголем собир, но сè уште не соопштуваат кога точно тоа ќе се случи.

ДПА веќе ги објави кандидатските листи.

Извор : Фактор