Кожувчанка утринава повторно со донација за настраданите од поплавите со нови 25.000 литри Изворска

0
1224

По вчерашната донација од 25.000 литри Изворска, рано изутринава компанијата Кожувчанка повторно го испрати својот камион со новите 25.000 литри Изворска за да барем малку им помогне и им го олесни секојдневието на луѓето погодени од природната непогода.

Како општествено одговорна компанија, Кожувчанка ќе продолжи да донира во моментите на потреба и ги повикува сите да ја покажат својата хуманост со донирање на телефонскиотброј 143 400.