Ковачевски : По најновата хаварија ќе мора да се изврши интервентен увоз на скапа струја која ќе ја платат граѓаните!

0
1390

vasko-kovacevski-685x320

„Она што го кажувавме и на што предупредувавме денеска се случи. РЕК Битола е во тотален колапс. Денеска не се во функција сите три блокови на рударско енергетскиот комбинат.

Бидејќи повеќе од 80% од вкупното производство на електрична енергија во земјава доаѓа од овој комбинат, повеќе од јасно е дека по најновата хаварија ќе мора да се изврши интервентен увоз на скапа струја, а цехот на крајот го плаќаме, ние граѓаните“, изјави на денешната прес конференција Васко Ковачевски, СДСМ Битола.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=ZpvsercSsd0[/youtube]

„Ако постојано не работат и одново и одново се поправаат, еден блок, два блока, еве сега и трите блокови заедно, тогаш за што се дадени неколку стотици милиони евра што власта ги правдаше дека се за реконструкција на блоковите на РЕК?

Нели ќе се подобреше функционирањето на РЕК Битола“, праша Ковачевски.

„Напротив, испадите и дефектите зачестија!

Раководствата на ЕЛЕМ и РЕК Битола мора да понесат одговорност“, рече Васко Ковачевски.