Ковачевски: Орце Камчев и Ѕинго ги добија субвенциите, вистинските земјоделци сеуште ги чекаат нивните пари

0
1404

Иако крајниот законски рок за исплата на земјоделските субвенции за 2015 година беше до 30 јуни, информациите од терен зборуваат дека 50% од парите не се исплатени, а за 2016 нема ниту абер, од собраниска говорница рече пратеникот Васко Ковачевски во пратеничкото прашање до министерот за земјоделство Михаил Цветков.

-Додека вистинските земјоделци, од тутунопроизводители, лозари, градинари, до сточари, сите ги чекаат овие пари, фирмите блиски до власта ги добиваат субвенциите дури и со исплати на последниот ден од крајниот рок.

Еве примери:

ЗК Пелагонија фирма во сопственост на олигархот близок со власта Орце Камчев, добива пари на 09.06 на 29.06 и 30.06 во висина од 43.545.411 денари

Лозар Пелистерка исто така ги добива парите на 10.06 во висина од 1.178.488

Земсил РИК Силекс Кратово сопственост на Ѕинго и фамилијата си наплати 2.647.021 ден.

Дури и фирмите за кои се поднесени кривични пријави за злоупотреба и истите треба да бидат ставени на црна листа, ги добиваат субвенциите за 2015 на почетокот на годинава.

ИЗ ДЕСИЛ Слободанка Србиновска, фирма на Илија Србиновски – Шате инаку и раководител на подрачната едница на министерството во Битола во јануар и февруар си добил 489.877 денари

Фирмата КОРАЛ, во сопственост на Градоначалникот на Демир Капија исто така во јануари си наплатила 925.259 денари

Вардар АД Градско.во јануар со три исплати добила 7.676.912 денари

Наместо да бидат казнети, тие се наградуваат со експресна исплата на субвенциите.

После катастрофалната година со нерешен пласман, сеуште не платено грозје и ниски откупни цени на пченицата, оризот и др., земјоделците се надеваат дека со субвенциите ќе ги покријат трошоци за производство и ќе ги вратат вересиите во земјоделските аптеки.

Покрај скапата нафта, семиња, ѓубрива и заштитни средства, доцнењето на субвенциите ги прави неконкурентни на домашниот и странските пазари бидејќи сите други земјоделци во регионот и ЕУ, веќе почнаа да ги добиваат субвенциите за 2016 година.

Поразително е тоа што земјоделските субвенции секоја година доцнат и со тоа владата забошоти цел еден годишен земјоделски буџет од 170 милиони евра.

И затоа земјоделците прашуваат… Кога ќе им ги исплатите субвенциите за 2015 година? – праша Ковачевски.

На ова министерот Цветков одговори дека според податоците на Агенцијата за финансиска поддршка досега се исплатени 97% од субвенциите за 2015 година а само 3% се со нецелосни документи.

-Исплатата се одвива со потребната динамика и сите земјоделцци ќе ги добија парите – одговори Цветков.

– Министре, да ве потсетам дека не сте на Сител или на вашите пропагандни програми, рече Ковачевски и додаде:

Земјоделците точно знаат дека субвенциите на вистинските земјоделци не се исплатени и дека сега пред избори ќе ги уценувате со нивните пари. Тоа е вашата главната цел.

Затоа тие секоја година се се посиромашни, ги доведовте до гола коска и питачки стап со ветување и манипулирање на исплатата на субвенциите!

Затоа се намалуваат површините кои се обработуваат, пропаѓа домашнто производство а се зголемува увозот на храна, а од друга страна со овие буџетски пари направивте локални и бизнис моќници блиски на власта, кои добиваат милионски суми на субвенции.

Јавна тајна е дека ЗК Пелагонија е купена од фамилијата на власт за сума колку што истата година зеде субванции од државата. Фирмата е пералница за пари на Никола Груевски и  луѓето блиски до ВМРО ДПМНЕ.

Жител од пелагониско со име Тони и многу други (од кои Тони ме моли да го спомнам неговото име во знак на револт за неправдата која ја доживува) редовно се обрааќат до мене и укажуваат на селективна исплата на средства. Кои се верните вмровци се исплаќаат најпрво па потоа неподобните и непослушните како казна се измачуваат со каснење со исплата. Има земјоделци кои 2-3 години немаат земено субвенции.

Ве уверувам,  ова ќе биде последна година земјоделците да молат и да бидат уценувани со парите кои им следуваат со закон.

Владата на СДСМ  земјоделските субвенции ќе ги исплаќа редовно и навремено тогаш кога на земјоделците им се најпотребни – рече пратеникот од редовите на СДСМ, Васко Ковачевски.